СООПШТЕНИЕ: ЗАБРАНА НА ПОСЕТИ

Почитувани граѓани по насоките на Министерството за Здравство, поради сезоната на грип како и актуелните состојби со Корона вирусот, посетите во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје е строго забранета почнувајќи од 27.02.2020 година. Ве молиме за разбирање бидејќи ова е превентива за сите нас.Ви благодариме на разбирањето.
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ: СКРИНИНГ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ПРИСУСТВО НА SARS CoV 2 ВИРУСОТ скрининг на вработени за присуство на SARS CoV 2 вирусот

По направениот скрининг на вработени за присуство на SARS CoV 2 вирусот преку Центарот за јавно здравје Скопје во 3 објекти во рамки на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"- Скопје, лоцирани во Скопје, не е регистриран ниту еден вработен позитивен на вирусот. Во Хосписот за палијативна медицина Сју Рајдер Битола, кој е под ингеренции на горенаведената болница, сеуште не е извршен скринингот од ЦЈЗ Бт. Имено, нашите вработени се во добра општа состојба, во рамки на установата која е единствена од таков вид во државата и се спроведуваат мерките за заштита и превенција од COVID 19. Пациентите се стабилни и секојдневно иследени доколку се суспектни и тестирани. Во моментот немаме позитивни на вирусот ниту од пациентите.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Од 01.10.2020 година во склоп на нашата установа започнува да функционира Служба за палијативно згрижување во домашни услови.
За повеќе информации јавете се на телефонскиот број : 075 498 091

Поради актуелната состојба со COVID-19 сите наши уплати ке се вршат електронски

Уплата за престој

Пример ПП50 образец кој го пополнувате со ваши податоци

(кликнете на уплатницата за подобар преглед)

Донации физички лица

Пример ПП50 образец кој го пополнувате со ваши податоци

(кликнете на уплатницата за подобар преглед)

Донации приватни компании

Пример ПП50 образец кој го пополнувате со ваши податоци

(кликнете на уплатницата за подобар преглед)








Не можам да те посетам , но можам да те слушнам и видам!


,, Споделената радост е поголема радост, споделената тага е помала тага, ние Социјалните работници секојдневно споделуваме со нашите пациенти и нивните семејства болка тага надеж и утеха.
За ден без болка, за насмевка на лице, за нивен поудобен престој кај нас!!!
Проектот ,,Не можам да те посетам ,но можам да те слушнам и да те видам,, го реализираме така што во услови на пандемија со Ковид 19, кога поради нивна заштита нашите пациенти не можат да примаат посета им овозможуваме преку видео врска да се слушнат и видат со своите најблиски.


Како да се поврзете со нас ?


1. Ја инсталирате апликацијата "SKYPE" на вашиот смартфон, таблет или компјутер

2. Креирате корисничка сметка доколку немате постоечка. Доколку имате постоечка, тогаш преку копчето "Sign In" се најавувате. (Како да креирате акаунт на скајп можете да погледнете тука)

3. Откако ќе се најавите ,ќе не додадете на "skype".(Како да додадете нов контакт можете да погледнете тука)

  • За оддел Геријатрија ги додавате "skype" профилите "Gerijatrija 1" и "Gerijatrija 2"
  • За одделот за палијатива Сју Рајдер Скопје го додавате "skype" профилот "SueRyder 13Noemvri"
  • За објект за згрижување на стари и изнемоштени лица Мајка Тереза го додавате "skype" профилот "Majka Tereza"

Актуелни настани

  • 14. октомври2023

    Палиࠣативна грижа е пристап коࠣ го подобрува квалитетот на живот на пациентите и нивните семеࠣства, кои се соочуваат со проблеми поврзани со животно-загрозувачка болест, преку превенциࠣа и ослободување од страдање, што подразбира рано откривање и третман на болката и другите симптоми, физички, психосоциࠣални и духовни. – WHO

    Меѓународен ден на хоспис и палијативна грижа - Колку е корисна палијативната грижа ?
  • 24. септември2021

    Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје во партнерство со ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје за потребите на проектот “Подобрување на услугите во палијативната нега преку унапредување на вештините на млади Роми и нивно вработување во време на КОВИД 19“ објавува:


    ЈАВЕН ПОВИК БР.1/2021
    За пријавување на заинтересирани 30 млади Роми за учество на курс/обука за палијативен негувател.

    Симни пријава Симнете го целиот јавен повик
  • 17. декември2020

    Почитувани, Ве известуваме и со голема жалост соопштуваме дека прерано згасна животот на Ирена Дојчиновска Милошевска (39), медицинска сестра вработена во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември” Скопје, како последица на компликации од КОВИД 19.

  • 23. септември2020
    ИЗВЕСТУВАЊЕ
    Од 01.10.2020 година во склоп на нашата установа започнува да функционира Служба за палијативно згрижување во домашни услови.
    За повеќе информации јавете се на телефонскиот број : 075 498 091



  • 7. јули2020
    Геријатриски третмани за време на пандемија со COVID-19
    Д-р Салија Љатиф Петрушовска, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември" - Скопје
  • 19. јуни2020
    НАШИТЕ ХЕРОИ !
    Нашите вработени се приклучија на повикот за ПОДДРШКА на нивните колеги во ГОБ 8ми Септември , која сега е COVID центар за справување со зголемениот наплив на пациенти , но и хуман гест за нивните колеги кои се разболеја додека ја извршуваа својата должност.
  • 12. јуни2020
    Гостување на д-р Салија Љатиф Петрушовска во вестите на МТВ
    д-р Салија Љатив Петрушовска директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје , зборуваше за успешното справување со ковид-19 во рамките на институцијата.

  • 05. јуни2020

    Во тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со COVID-19. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“.

    КАКО СТЕ? КОВИД-19 и ментално здравје
    тестот можете да го најдете тука...
  • 03. јуни2020
    89-годишна пациентка од болницата за геријатрија, оздравела од                          Ковид 19!


  • 27. март2020
    Канал 5 во посета на Домот за стари лица Мајка Тереза
    Неизвесни утра, кафе-муабети на растојание од два метра, без заеднички игри и дружби.

  • 18. март2020
    Гостување на Д-р сци. д-р. Л. Ветеровска Миљковиќ во емисијата Pasdite на                          Алсат-М ТВ
               Тема: Постарите и Корона вирусот

  • 16. март2020
    мтв вести: Д-р. сци. д-р Л.Ветеровска Миљкович за мерките за заштита од covid-19 во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје
  • 03. март2020
    ‘’Извинувања од Здравство.мк до ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје’’

    Редакцијата на порталот Здравство.мк се извинува до директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје…

    повеќе...
  • 16. февруари2020
    ‘’Интервју со директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје, Салија Љатиф Петрушовска’’

    „Живееме во време во кое се осипува медицинскиот кадар. Од една страна нашата Болница изгледа како неатрактивна установа и имавме период кога се намали персоналот, но ние се изборуваме, заедно со раководниот тим заедно да работиме со нашите вработени“, вели д-р Салија Љатиф-Петрушовска.

    повеќе...
  • 02. февруари2020
    ‘’Интервју со физиотерапевтот Ацо Занев’’

    Физиотерапевтот Ацо Занев е лице со оштетен вид, кој триесет години е вработен во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје. „Од мал ми е животна желба да бидам физиотерапевт, тоа сум и се сметам дека сум успешен“, вели тој.

    повеќе...
  • 08. јануари2020
    ‘’ХТЗ опрема’’

    Bработените на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"-Скопје, добија нова ХТЗ опрема.

    повеќе...
  • 22. ноември2019
    ‘’Неделата на грижа на стари лица’’

    Во Република Северна Македонија, секоја година во претпоследната недела на месец ноември се одбележува ‘’Неделата на грижа на стари лица’’. По тој повод, ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ‘’13 Ноември’’- Скопје денес имаше чест да ги пречека првата дама на државата, г-ѓа Елизабета Георгиевска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-нот Александар Наумовски.

    повеќе...
  • 13. ноември2019

    ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"-Скопје, денес го одбележува патрониот празник и 61 година постоење на установата која е единствена од ваков тип во земјата.

    повеќе...
  • 25. октомври2019

    Гостување во емисијата Неделен Магазин на Македонската Радио Телевизија.

    повеќе...
  • 12. октомври2019

    Етички,хуман и професионален пристап на пациенти кои страдаат од тешки болести, во терминален стадиум.

    повеќе...
  • 21. септември2019
             

    Под мотото „Сети се" со слушање на музика од минатото и гледање на стари филмови на 21 септември (сабота) плоштадот „Македонија" во организација... повеќе...
  • 21. септември2019

        View item
  • 30. август2019
         
    Учество на 18тиот конгрес за интерна медицина Салија Љатиф Петрушовска: Родителите кај нас се сакани и почитувани од нивните деца.
  • 30. август2019
         
    Учество на 18тиот конгрес за интерна медицина
  • 03. август2019
    ICE Kraków Congress Centre - Работилница за употреба на компресивна терапија Работилница за употреба на компресивна терапија индицирана за венска инсуфициенција со користење на Rosidal sys на Lohmann&Rauscher.
  • 03. јули2019
    презентација на услугите за корисници на услуги на НВО Сумнал-Скопје Денес одржав кратка презентација на услугите кои ги нуди ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"- Скопје, на возрасна популација , корисници на услуги на НВО Сумнал-Скопје и тоа... повеќе...
  • 10. јуни2019
  • 10. јуни2019

    Хуманоста нема граници! Хуманоста нема граници! Убави настани за почетокот и на оваа работна недела :).. Денес, имав чест да ги запознам Нијази Сербез и Имран Сербез , сопружници со големо срце...
    повеќе...
  • 21. мај2019

    Работната терапија Работната терапија со користење на современи и креативни алатки за работа со пациенти сместени во специјализирана установа за подолготраен престој како нашата се составен дел од секојдневната работа. За таа цел преку Холандската фондација...
    повеќе...
  • 02. мај2019

    практична настава Посета на ученици од СУГС "Д-р Панче Караѓозов", во рамки на редовната практична настава, во нашата институција како единствена специјализирана болница за ...
    повеќе...
  • 19. април2019

    Предвелигденски базар Предвелигденски базар оддржан во домот за стари лица "Мајка Тереза".
    За восхит се прекрасните креации на нашите корисници во соработка со вработените во домот
    Благодарност до соработниците од институциите кои се приклучија на настанот.

  • 11. април2019
    меѓуинституционална соработка Продуктивна средба со директорката на СМУГС "Д-р Панче Караѓозов", г-ѓа Маја Салиу и професорката од истото училиште г-ѓа Нина Кнагс.
    На самата средба разговаравме за заедничките интереси и ... повеќе...
  • 24. март2019
    Тема на стручниот настан: "Примена на постапките за стерилизација,нивно следење и контрола на стерилизација"
    Стручен настан Учество на стручен настан на медицински сестри вработени во ЈЗУ специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 ноември"-Скопје . повеќе...
  • 20. март2019
    Здружение на жени Битола Гостинка во емисијата "Спектар" на Македонско радио. Разговаравме на теми поврзани со целната група и дејноста на институцијата, мисија и визија и стратешки цели. Голема благодарност на поканата. повеќе...
  • 19. март2019
    Здружение на жени Битола Средба со Здружение на жени од Битола,наши долгогодишни пријатели и соработници особено со хосписот за палијативна грижа во Битола. Разгледување на можноста за проектни активности и соработка во делот на социјални активности на лицата сместени во установата. повеќе...
  • 26. февруари2019
    Здружение за палијативна грижа Свечен настан во објектот "Мајка Тереза"-Злокуќани во организација на Здружение на пензионери -Центар и Хор Елегија предводена од координаторката Василка Цветановска и маестро диригент Валери Стефановски. Голема благодарност од тимот. повеќе...
  • 12. март2019
     Inner Wheel Club Skopje Овој пат дониравме во опремувањето на една соба во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"- Скопје. Третото доба е период во кој општеството и семејството се сé помалку заинтересирани или немаат можност да вложуваат и адекватно да ги олеснуваат тешкотиите и болестите кои го следат нивните блиски. На заминување им рековме довидување, затоа што нашиот интерес да помагаме на оваа институција и понатаму останува.
  • ноември2017
    Информативно-едукативно гласило на Македонското лекарско друштво
    Лекарски весникИнтервју со д-р Салија Љатиф, директорка на Геронтолошки Завод „13 Ноември“–Скопје на тема СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТ РАЗВОЈОТ НА ЦЕНТРИ ЗА ПАЛИЈАТИВНА ГРИЖА.
  • 15. декември2017
    Дом за стари лица „Мајка Тереза“-Злокуќани
    Дом за стари лица „Мајка Тереза“-Злокуќани Во знак на одбележување на „Недела на Солидарноста“ во месец декември, Герентолошкиот Завод „13.ноември“ - Скопје беше посетен од страна на г-не Christian Timonier , францускиот амбасадор во Р.М. како и претставници од хотелите Ibis Centar и Ibis Style од ланецот на ACCOR HOTELS.
  • 23. ноември2017
    Општина Карпош
    Општина КарпошВо духот на Неделатата за грижа за стари лица, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев придружуван од дел од членовите на Советот на Општината, беше во посета на Домот за стари лица Злокуќани, „Мајка Тереза“.
  • 10. декември2017
    Алсат М
    АЛСАТ-МГостувањето на Д-р Салија Љатиф- Петрушовска Директор на ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември“ - Скопје во емисијата "Огледало на здравјето" на телевизија АЛСАТ-М.
  • 10. ноември2017
    Телма - АмбулантаКонтактна емисија Телма Амбуланта со Спец. психијатар Оливера Бундалевска на тема "Деменција - болест на трето доба"
  • 13. ноември2018
    60ти љубилејНа 13 Ноември 2018год. Геронтолошкиот Завод прослави 60 година од неговото постоење.

Нашата мисија е обезбедување на високо квалитетни здравствени услуги од областа на геријатриската и палијативната медицина, по примерот на современите медицински достигнувања во овие области, со етички, хуман и професионален пристап.

Нашата визија е постојано унапредување на квалитетот на работењето со фокус на задоволството на пациентите и вработените. Континуирана едукација на вработените, поттикнување на научно-истражувачката работа и прераснување во наставна база и регионален едукативен центар за геријатриска и палијативна медицина.