Росидал Сис – систем за компресивна терапија

Нашата установа воведува нови методи и системи за третман и превенција. Еден од тие новитети е Росидал Сис – систем за компресивна терапија составен од повеќе компоненти за кој деновиве е спроведена соодветна едукација и работилници за неговата правилна имплементација од страна на медицинскиот персоналот во установата . Имено, нашата установа е единствена јавна здравствена установа во државата која започнува да го спроведува третманот како новитет во делот на третман на погоренаведените циркулаторни заболувања .