СООПШТЕНИЕ: ЗАБРАНА НА ПОСЕТИ
Почитувани граѓани по насоките на Министерството за Здравство, поради сезоната на грип како и актуелните состојби со Корона вирусот, посетите во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје е строго забранета почнувајќи од 27.02.2020 година. Ве молиме за разбирање бидејќи ова е превентива за сите нас.Ви благодариме на разбирањето.ИЗВЕСТУВАЊЕ: СКРИНИНГ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ПРИСУСТВО НА SARS CoV 2 ВИРУСОТ скрининг на вработени за присуство на SARS CoV 2 вирусот
По направениот скрининг на вработени за присуство на SARS CoV 2 вирусот преку Центарот за јавно здравје Скопје во 3 објекти во рамки на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"- Скопје, лоцирани во Скопје, не е регистриран ниту еден вработен позитивен на вирусот. Во Хосписот за палијативна медицина Сју Рајдер Битола, кој е под ингеренции на горенаведената болница, сеуште не е извршен скринингот од ЦЈЗ Бт. Имено, нашите вработени се во добра општа состојба, во рамки на установата која е единствена од таков вид во државата и се спроведуваат мерките за заштита и превенција од COVID 19. Пациентите се стабилни и секојдневно иследени доколку се суспектни и тестирани. Во моментот немаме позитивни на вирусот ниту од пациентите.ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Од 01.10.2020 година во склоп на нашата установа започнува да функционира Служба за палијативно згрижување во домашни услови.,, Споделената радост е поголема радост, споделената тага е помала тага, ние Социјалните работници секојдневно споделуваме со нашите пациенти и нивните семејства
болка тага надеж и утеха.
За ден без болка, за насмевка на лице, за нивен поудобен престој кај нас!!!
Проектот ,,Не можам да те посетам ,но можам да те слушнам и да те видам,, го реализираме така што во услови на пандемија со
Ковид 19, кога поради нивна заштита нашите пациенти не можат да примаат посета им овозможуваме преку видео врска да се слушнат и видат со своите најблиски.
Како да се поврзете со нас ?
1. Ја инсталирате апликацијата "SKYPE" на вашиот смартфон, таблет или компјутер
2. Креирате корисничка сметка доколку немате постоечка. Доколку имате постоечка, тогаш преку копчето "Sign In" се најавувате. (Како да креирате акаунт на скајп можете да погледнете тука)
3. Откако ќе се најавите ,ќе не додадете на "skype".(Како да додадете нов контакт можете да погледнете тука)
Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ - Скопје во партнерство со ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје за потребите на проектот “Подобрување на услугите во палијативната нега преку унапредување на вештините на млади Роми и нивно вработување во време на КОВИД 19“ објавува:
ЈАВЕН ПОВИК БР.1/2021
За пријавување на заинтересирани 30 млади Роми за учество на курс/обука за палијативен негувател.
Почитувани,
Ве известуваме и со голема жалост соопштуваме дека прерано згасна животот на Ирена Дојчиновска Милошевска (39), медицинска сестра вработена во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември” Скопје, како последица на компликации од КОВИД 19.
Во тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со COVID-19. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“.
Редакцијата на порталот Здравство.мк се извинува до директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје…
повеќе...„Живееме во време во кое се осипува медицинскиот кадар. Од една страна нашата Болница изгледа како неатрактивна установа и имавме период кога се намали персоналот, но ние се изборуваме, заедно со раководниот тим заедно да работиме со нашите вработени“, вели д-р Салија Љатиф-Петрушовска.
повеќе...Физиотерапевтот Ацо Занев е лице со оштетен вид, кој триесет години е вработен во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.
„Од мал ми е животна желба да бидам физиотерапевт, тоа сум и се сметам дека сум успешен“, вели тој.
Bработените на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"-Скопје, добија нова ХТЗ опрема.
Во Република Северна Македонија, секоја година во претпоследната недела на месец
ноември се одбележува ‘’Неделата на грижа на стари лица’’.
По тој повод, ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ‘’13
Ноември’’- Скопје денес имаше чест да ги пречека првата дама на државата, г-ѓа
Елизабета Георгиевска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-нот Александар
Наумовски.
ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"-Скопје,
денес го одбележува патрониот празник и 61 година постоење на установата која е единствена од ваков тип во земјата.
Гостување во емисијата Неделен Магазин на Македонската Радио Телевизија.
повеќе...Етички,хуман и професионален пристап на пациенти кои страдаат од тешки болести, во терминален стадиум.
повеќе...Нашата мисија е обезбедување на високо квалитетни здравствени услуги од областа на геријатриската и палијативната медицина, по примерот на современите медицински достигнувања во овие области, со етички, хуман и професионален пристап.
Нашата визија е постојано унапредување на квалитетот на работењето со фокус на задоволството на пациентите и вработените. Континуирана едукација на вработените, поттикнување на научно-истражувачката работа и прераснување во наставна база и регионален едукативен центар за геријатриска и палијативна медицина.