Актуелно

Лекарски весник - Информативно-едукативно гласило на Македонското лекарско друштво


Лекарски весник

Интервју со д-р Салија Љатиф, директорка на Геронтолошки Завод „13 Ноември“–Скопје на тема СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТ РАЗВОЈОТ НА ЦЕНТРИ ЗА ПАЛИЈАТИВНА ГРИЖА.

Недела на Солидарноста


На ден 15.12.2017 година (петок), во знак на одбележување на „Недела на Солидарноста“ во месец декември, Герентолошкиот Завод „13.ноември“ - Скопје беше посетен од страна на г-не Christian Timonier , францускиот амбасадор во Р.М. како и претставници од хотелите Ibis Centar и Ibis Style од ланецот на ACCOR HOTELS од чија страна доби донација за Домот за стари лица „Мајка Тереза“-Злокуќани. Голема благодарност за хуманиот гест.


Општина Карпош - Недела за грижа за стари лица


Општина Карпош

Во духот на Неделатата за грижа за стари лица, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев придружуван од дел од членовите на Советот на Општината, беше во посета на Домот за стари лица Злокуќани, „Мајка Тереза“. При посетата на овој дом, Богоев на највозрасните наши сограѓани им подари лични пакети предвидени со програмата за социјална заштита при Општина Карпош. Имено, пред неколку дена, се санираше пристапниот под до берберскиот салон во Домот за стари лица, а се изведоа и други тековни зафати за зголемување на безбедноста во оваа установа.