Актуелно
ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ
21 септември (сабота)2019 година, Скопје, плоштад Македонија
Под мотото „Сети се" со слушање на музика од минатото и гледање на стари филмови на 21 септември (сабота) плоштадот „Македонија"
во организација на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука , во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ‘’13 Ноември’’- Скопје,
со поддршка на првата дама на државата, проф Д-р Елизабета Георгиевска ,
се одбележа Светскиот ден на Алцхајмеровата болест која се нарекува епидемија на 21 век.
Првата дама, сопругата на претседателот на РСМ , Елизабета Ѓоргиевска порача дека деменцијата не засега сите нас и започнува тивко и незабележително, а трае долго.
‘’Колку повеќе ја поттикнуваме кај себе човечноста, разбирањето и информираноста на болеста, толку повеќе влијаеме за создавање хуимани услови за живот и подеднакви услови за сите. Треба да им се помогне на луѓето кои трагаат по сеќавањата и не ги препознаваат своите најлиски. Да ги разбереме и да им помогнеме иднината да им стане посреќна. Можно е да се живее со деменција, но најважна е личноста, а не болеста’’.
Габриела Новотни од Институт за Алцхајмерова болест и невронаука, сподели дека оваа е една од најтажните болести, која ни ги краде сите спомени и сеќавања, со еден збор сето она што во животот ќе го заработиме. Идејата за организацијата на овој настан е проилезена од реминисцентната терапија. Тоа е терапија со потсетување. Алцхајмеровата болест ги краде спомените кои се последни запаметени. Старите спомени, времињата на нивната младост последни ќе исчезнат, затоа слушањето на музика од нивната младост и гледање на фотографии, буди многу пријатени емоции и се намалува агресивноста, вели Новотни. Д-р Новотни вели со тоа ќе се штеди злоупотреба на многу лекови кои се препишуваат за смирување и се подобрува квалитетот на животот преку нефармаколошки третман.
Според светската статистика во нашата земја би требало да има околу 20 илјади заболени од Алцхајмерова болест, а само 20 проценти се дијагностицирани и третирани. Рано препознавање и лекување на Алцхајмеровата болест го успорува нејзиниот тек и го подобрува квалитетот на животот.
Нашата установа, како специјализирана болница за геријатриска здравствена грижа, испративме порака за нашиот допринос во палијативниот третман на заболени од алцхајмер и деменција, кои се обично во терминален стадиум и кај нив е неизбежна институционализација.
Тоа се пациенти со тешка клинича слика на деменција, инконтинентни, со непрепознавање на бликсите околу себе со нарушено когнитивно и бихејвиорално однесување и агресија.
Третманот кај овие пациенти е мултидисциплинарен , истиот вклучува стручен тим од лекари специјалисти (невролог,психијатар,интернист,психолог и социјален работник). Но, поради се поголемата бројка на заболени од алцхајмер и деменција,расте потребата од зголемување на капацитетите на установата.
Освен тоа, во рамки на нашата специјално- консултативна амбуланта, имаме кабинет за неврологија и психијатрија, преку која ги следиме пациентите ставени на листа и правиме напори истите да се третираат амбулантски или преку дневната болница , се со цел институционализацијата да биде последен чекор.
Интересен детал на настанот беше присуството на претставници од тимот и корисници од домот за стари лица Мајка Тереза-Скопје, тоа е објект за социјална заштита но е под ингеренции на нашата установа),се презентираа со штанд на лични соработки во рамки на работната терапија под мотото ‘’МУ ПРКОСИМЕ НА АЛЦХАЈМЕР’’.
Корисниците сместени таму , имаат најразлични социјални активности, од кои како најзначајна ја одвојуваме,гореспоменатата работна терапија.
Работна терапија е вид на активност каде лицата вклучени во група под менторство на лице задолжено за нив изработуваат најразлични предмети, слики и изработки од најобични материјали.Самата нивна вклученост им овозможува ангажираност,креирање,работење,творење а при тоа кај самиот корисник создава чувство на општествено корисен.
Поим , клиничка слика и поставување на дијагноза
Алцхајмерова болест е хронична прогресивна дегенеративна болест на мозокот и најчесто се јавува после 65 година од животот.
Лицата со деменција обично се дијагностицираат кога тие се веќе во напредната фаза. Симтомите на деменција обично започнуваат 10 години порано, во тој период лицето сеуште има увид и спознава дека нешто не е во ред со неговото помнење,ориентација,несоодветно однесување, планирање на активност и сл.
Поради тоа се повлекуваат од средината се со цел да не бидат критикувани или засрамени.
Лицата со алцхајмер во рана фаза , т.е. пред 75 години рапидно развиваат клиничка слика на деменција , пратена со бројни невролошки дефицити –алогија,афазија,агнозија,аграфија.Додека лицата со доцен почеток , по 75 години се карактеризираат со повеќе конфузност и заборавност и не толку драматична прогресија на симтомите.
Соодветна институција за третман на овој тип на пациенти се психијатриските амбуланти со психолошко тестирање кое ќе помогне за попрецизно дефинирање на фазата на заболувањето .
Невролошките амбуланти- КТМ на мозок и хипокампална волемија(мерење на волуменот на хипокампус) кој е директен показател за постоење на алцхајмерова деменција.
Подигнување на јавната свест кај популацијата дека заборавноста не е својствена за старите луге - тоа е болест. Рана детекција и третман значи пролонгирање на егзацербација и подобрување на квалитетот на живот кај овие пациенти.
Планови за дневна болница за заболени со алцхајмер и деменција
Неодамна , јас како директор на установата заедно со д-р Маја Спирова, лекар специјалист психијатар врабтена во установата , бевме на посета во психијатриската болница Св.Иван во Загреб,Хрватска.
Имавме можност да се запознаеме со раководителката на дневната болница д-р специјалист психијатар Паола Пресечки.
Низ разговор ни објасни како функционира дневната болница и со каков тип на кадар располагаат и каков тип на пациенти третираат.
Докторката ни објасни дека во моментот работат од 8 до 16ч, но планираат да воведат и 2 смена. Наутро ги носат пациентите роднините и ги земаат попладне, кога се враќаат од работа.
За тоа време, пациентите добиваат комплетна програма за работа. Пациентите работат со окупационен терапевт, психијатар, медицински сестри, социјален работник како и лице задолжено за пасивна гимнастика во седечка положба.Имаат и дел за кујна и одмор.
Пацентите цело време се анимирани, после одреден период , придобивките станале многу големи. Од пациенти кои не можеле да функционираат дома, станале функционални,влошената клиничката слика на алцхајмер и деменција станала поднослива.
Како установа , во идните планови за раст и развој планирана ни е оваа дејност. Сметаме дека ваков вид на дневна болница има побарувачка и во нашата држава , а бенефитите би биле многу големи.Пациентите би можеле да функционираат и дома со нивните најблиски наместо да се институционализираат, со тоа се намалува стапката на интрахоспитални инфекции, како и финансиските трошоци како на семејството , така и на буџетот во државата.
СЛИКИ ОД НАСТАНОТ