Актуелно

‘’Неделата на грижа на стари лица’’



Во Република Северна Македонија, секоја година во претпоследната недела на месец ноември се одбележува ‘’Неделата на грижа на стари лица’’. По тој повод, ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ‘’13 Ноември’’- Скопје денес имаше чест да ги пречека првата дама на државата, г-ѓа Елизабета Георгиевска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-нот Александар Наумовски.


Во текот на посетата, првата дама и градоначалникот се запознаа со вработените во установата, поминаа неколку мигови со нашите пациенти и преку симболични подароци им порачаа дека не се заборавени и дека грижата и сочувството за старите лица е обврска на сите нас. Особено значајни беа вредните донации кои болницата ги доби денес, во чест на Неделата на грижа за стари лица од голем број хумани и општествено одговорни компании меѓу кои и Алкалоид АД, Lohmann&Rauscher, фурна Диме како и од самата Општина Ѓорче Петров.


Им благодариме на нашите гости за одвоеното време и укажаното внимание. Се надеваме дека овие хумани настани ќе продолжат и во иднина како одлична можност да им оддадеме признание на старите лица за нивниот придонес во општеството. И да не заборавиме, постарите генерации се причина што сме сите ние тука.



‘’ХТЗ опрема’’



Bработените на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"-Скопје, добија нова ХТЗ опрема.


⚕Се грижиме за нашите вработени!

✅За нивна заштита при работа !

🏨За полесна ориентација/препознавање на профил на вработен од страна на пациентите.