Актуелно

Росидал Сис – систем за компресивна терапија


    Согласно со потребите на нашите пациенти, во интерес на превенција и третман од венска инсуфициенција и појава на :

  • отоци
  • инфламација
  • флеботромбоза
  • тромбофлебитис
  • лимфедема
  • чиреви и отворени рани на нозете и телото,
  • нашата установа воведува нови методи и системи за третман и превенција. Еден од тие новитети е Росидал Сис – систем за компресивна терапија составен од повеќе компоненти за кој деновиве е спроведена соодветна едукација и работилници за неговата правилна имплементација од страна на медицинскиот персоналот во установата . Имено, нашата установа е единствена јавна здравствена установа во државата која започнува да го спроведува третманот како новитет во делот на третман на погоренаведените циркулаторни заболувања .



повеќе...

ЈЗУ Геронтолошки завод 13-ти Ноември - Скопје е добитник на наградата 13-ти Ноември од град Скопје


На ден 14.11.2018 год. Град Скопје традиционално ја доделува наградата 13-ти ноември, која оваа година беше доделена на ЈЗУ Геронтолошки завод - Скопје