Актуелно

Хуманост и грижа како и честитки за Нова Година и новогодишните празници имавме денес од Директорите на Јавните Претпријатија: Паркови и Зеленила, Комунална Хигиена, Улици и Патишта . Голема благодарност на хуманиот гест и радоста која ја донесовте во Домот Мајка Тереза, на самиот пречек на Новата Година и одлучивте да ја споделите со нашите корисници.


Бадникарскиот Одбор



За многу години празникот ! Со вредните вработени од "Мајка Тереза"


Голема благодарност до Бадникарскиот Одбор кој традиционално го посетуваат домот и ги поздравуваат нашите корисници и им го честитаат големиот христијански празник во исчекување ....


Свечен настан во објектот "Мајка Тереза"-Злокуќани во организација на Здружение на пензионери -Центар и Хор Елегија предводена од координаторката Василка Цветановска и маестро диригент Валери Стефановски. Голема благодарност од тимот.


Традиционално одбележување на 8ми Март со вработените. Вистинска чест е и задоволство да се работи со ваков вреден колектив.


Посета од страна на две членки на Инервил Групација Скопје и донација за потребите на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"- Скопје.


Средба со Здружение на жени од Битола,наши долгогодишни пријатели и соработници особено со хосписот за палијативна грижа во Битола. Разгледување на можноста за проектни активности и соработка во делот на социјални активности на лицата сместени во установата.