Актуелно

ЕВРОПСКИ КОНГРЕС ЗА ПАЛИЈАТИВА


Д-р Лидија Ветеровска Милјковиќ

Оваа година во период од 17-22. мај, Др Лидија Ветеровска Милјковиќ –специјалист интернист, учествуваше на 12-тиот Европски конгрес за палијатива, што се одржа во Лисабон-Португалија. На овој интернационален настан со свои трудови  учествуваа лекари од вкупно 26 европски земји, а по вкупен број на учесници беше најголем од досегашните конгреси, кои се одржуваат во организација на Европска асоцијација за палијатива на секои две години. Др. Л. Ветеровска Милјковиќ се претстави со свој труд „Симптом-контрола на крајот на животот - потешкотии и предизвици во палијативната  грижа во Република Македонија“.
Со овој труд беа прикажани достигнувањата во развојот на палијативната заштита во Геронтолошки завод "13 Ноември", усвојување на Национална стратегија за палијатива од страна на Владата на Р.Македонија, планови за изготвување на акционен план, како и потешкотиите со кои се соочува медицинскиот персонал во работа со терминално болни пациенти. За учество на овој конгрес , IAPHC додели вкупно десет грантови, меѓу кои беше и Др. Л. Ветеровска Милјковиќ, кој целосно ги покриваше трошоците за престој и патување.

ПРВА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕКУБИТАЛНИ УЛКУСИ


  • Деканот на Медицински Факултет од Скопје, Проф.Д-р Никола Јанкуловски и Д-р Ленче Нелоска дир. на ЈЗУ Геронтолошки Завод 13 Ноември - Скопје
  • Предавање на Проф.Д-р Дончо Донев од Институт за социјална медицина
  • Гостин од Република Хрватска Проф. Д-р Јанко Ханчевиќ
  • Фотографија направена за време на одржување на работилницата.
  • Вториот ден на работилницата беше предвиден за практична работа со пациенти со декубитални улкуси
  • Вториот ден на работилницата беше предвиден за практична работа со пациенти со декубитални улкуси
  • Вториот ден на работилницата беше предвиден за практична работа со пациенти со декубитални улкуси
  • Вториот ден на работилницата беше предвиден за практична работа со пациенти со декубитални улкуси
  • Вториот ден на работилницата беше предвиден за практична работа со пациенти со декубитални улкуси
  • Вториот ден на работилницата беше предвиден за практична работа со пациенти со декубитални улкуси
  • Модератори на работилницата Проф.Д-р Нада Петрова и Доц.Д-р Сузана Николовска
  • Д-р Ленче Нелоска презентираше податоци за преваленцата и клиничките карактеристики на декубитите
  • Проф.Д-р Љубица Павлова од Универзитетската Клиника за дерматологија ги прикажа патогенските механизми
  • Прим.Д-р Небојша Пешиќ презентираше искуства од употребата на силиконски преврски
  • Г-дин Кристијан Погатс од Виена, Австрија, ги презентираше производите на шведската фирма Molnlycke Health Care
  • slider javascriptДоц.Д-р Смиља Туџарова Ѓоргова ја нагласи потребата од мултидисциплинарен приод и консензус за третман на овие болни во Република Македонија
  • Регистрација на учесниците во работилницата
css slideshow by WOWSlider.com v8.0

На 8 април 2011 во просториите на Ј.З.У. Геронтолошки Завод -13 Ноември во Скопје, се одржа работилница на тема ”Декубитус-социоекономски и тераписки аспекти”, под покровителство на Фарма Трејд - Скопје, претставници на Mölnlycke Health Care.
Почесен гостин на работилницата беше Деканот на Медицински Факултет од Скопје, Проф. Д-р Никола Јанкуловски.
Во првиот дел од работилницата беа одржани неколку тематски предавања. Предавањето на проф.д-р Дончо Донев од Институтот за социјална медицина насловено “Здравјето, здравствените потреби и здравствената заштита на лицата постари од 65 години во Република Македонија” беше вовед во темата и даде важни  епидемиолошки податоци за здравствената состојба на старите лица во Републиката. Д-р Ленче Нелоска се осврна на социјалните и економски аспекти на декубиталните улкуси и презентираше податоци за преваленцата и клиничките карактеристики на декубиталните улкуси во Геронтолошкиот Завод. Проф. Д-р Љубица Павлова од Универзитетската Клиника за дерматологија ги прикажа патогенетските механизми и клиничката поделба. Конзервативните тераписки модалитети беа прикажани од гостинот од Република Хрватска Проф. Д-р Јанко Ханчевиќ, со акцент на неопходноста од превентивни програми и континуирана едукација на здравствениот персонал. Доц. Д-р Смиља Туџарова Ѓоргова зборуваше за хируршкиот третман, при што прикажа серија од случаи лекувани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Прим. Д-р Небојша Пешиќ презентираше искуства од употребата на силиконски преврски во третман на длабока дермоабразија на лузни.
Г-дин Кристијан Погатс од Виена, Австрија, ги презентираше производите на шведската фирма Mölnlycke Health Care  наменети за третман на декубитуси и секаков вид на хронични рани и улкуси.
Вториот дел на работилницата беше предвиден за практична работа со пациенти со декубитални улкуси. Кај селектирани пациенти со улкуси во различни стадиуми беше демонстрирана апликацијата на преврски составени од силиконски контактен слој којшто ја забрзува гранулацијата, полиуретанска пена за абсорбција и  AgSo4 за заштита од бактериска пенетрација или третман на веќе постоечка инфекција. Истите аплицирани во комбинација со хипертонски гелови наменети за дебридман на некроза присутна кај голем дел од улкусите.
Темата привлече интерес на лекари од различни специјалности кои се среќаваат со овој проблем. Покрај дерматолози, хирурзи, анестезиолози, невролози, педијатри и интернисти,  беа присутни лекари од институции кои згрижуваат геријатриски пациенти од Охрид и Битола
На маргините на средбата беше констататирано дека декубитот е неоправдано запоставен проблем. Доц. Д-р Смиља Туџарова Ѓоргова ја нагласи потребата од мултидисциплинарен приод и консензус за третман на овие болни во Република Македонија.

Д-р Ленче Нелоска
Ј.З.У Геронтолошки Завод-13 Ноември, Скопје