Актуелно

Градоначалникот на Град Скопје го посети Домот Мајка Тереза


  • pic1
  • pic10
  • pic11
  • pic12
  • pic13
  • pic2
  • pic3
  • pic4
  • pic5
  • pic6
  • pic7
  • slideshow html
  • pic9
pic11 pic102 pic113 pic124 pic135 pic26 pic37 pic48 pic59 pic610 pic711 pic812 pic913
carousel bootstrap by WOWSlider.com v8.0

По повод Божиќните празници во посета на ЈЗУ Геронтолошки Завод - Оддел Мајка Тереза,  дојде Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски.
Освен посетата и пригодниот говор ,Градоначалникот им соопшти дека ке продолжи со  досегашната практика на доделување на слободни билети  од  ЈСП Скопје.
Оваа посета беше со цел изворно да се запознае со евентуалните проблеми, потреби и желби  на старите лица.
Од страна на Градоначалникот  беше ветено дека согласно можностите на Градот Скопје ќе бидат фокусирани потребите на старите лица , а исто така беше промовирана и идејата за организирање на еднодневна екскурзија од страна на Градот Скопје со претходно утврдена дестинација од страна на корисниците.

Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов го посети Домот Мајка Тереза


  • img1
  • img10
  • img11
  • img12
  • img13
  • img2
  • img3
  • img4
  • img5
  • img6
  • img7
  • carousel jquery
  • img9
img11 img102 img113 img124 img135 img26 img37 img48 img59 img610 img711 img812 img913
carousel bootstrap by WOWSlider.com v8.0

Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов по повод Неделата на грижа за стари лица го посети оделот на Геронтолошки Завод- Домот Мајка Тереза.
Посетата беше искористена за запознавање на Претседателот на РМ со условите и престојот во установата афирмирајќи ја заложбата и посветеноста на институцијата Претседател на РМ во насока на конкретна грижа за старите лица и нивните потреби. Претседателот на РМ на корисниците на Домот за стари лица им подари нов современ ТВ уред.

Работилница  за палијативна грижа


Workshop for palliative care, with Ms. Kay Leedman from Sue Ryder – London, Great Britain

Работилница  за палијативна грижа со Г-ѓа Кеј Лидман од Сју Рајдер - Лондон , Велика Британија
Сличности и разлики во пристапот, организациска поставеност и грижата кон терминално болните лица.
Посетата беше со цел да се разменат искуства, да се утврдат сличностите и разликите во организациската и кадровската поставеност  на установите  при пружање на здраствено-социјална заштита на лица  болни од малигни заболувања со посебен акцент на грижата, негата и задоволување на потребите на терминално болните лица.