Актуелна состојба

 

Заводот направи истражување за потребите на заедницата,преку интервјуирање на водечките лекари, вработувачи и синдикати. Оваа процена укажа на тоа дека заедницата би сакала да види подобар пристап до здравствените услуги на старите лица,а вработувачите би сакале вработените да минуваат помалку време вон нивното работно место.

Во Република Македонија недостасува сериозна анализа на состојбите и не се прецизно утврдени потребите на граѓаните за геријатриска и палијативна грижа. Се чувствува неопходност од донесување на Национална стратегија со подршка на релевантни владини субјекти и невладиниот сектор во однос на организација и финансирање на проширените услуги достапни за сите граѓани на Република Македонија од областа на геријатриска и палијативна медицина. Практично пациентот и неговото семејство неможе да бидат водени и потпомогнати во процесот на помош помеѓу сопствениот дом и посакуваното седиште на интервенција. Потребата од специјализиран третман во домашни услови е маргинализиран и покрај Препораките на Советот на министрите на Европа за ваков вид на заштита за сметка на намалување на болничките капацитети.

Во Република Македонија развојот на геронтолошката мисла и практика тесно е поврзана со формирањето на Геријатрија како медицинска дисциплина во рамки на установата од 1988 година и палијативна медицина преку хосписите Сју Рајдер од 1998 година. Имплементирањето на двете области и нивниот досегашен развој согласно европските критериуми и норми за практицирање на дејностите придонесоа Република Македонија да се вброи во европските лидери.