Кратка биографија

Д-р Глорија Гашпар

Вработена во ЈЗУ Геронтолошки завод 13 Ноември Скопје Оддел за палијатива нега Сју Рајдер Битола.
Дипломирана на Медицински факултет во Скопје во Јануари 1997год.
Стекнувала работни искуства во период од шест години во приватен здравствен сектор, детски летувалишта , а осум месеци работела со договор на дело во ИМП Битола.
Редовен работен однос стекнала во Јуни 2002 год. во ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар , а од 01.04.2005 год. се вработува во ЈЗУ Геронтолошки завод. Во текот на својата професионална кариера ги надоградува своите вештини и знаења со учество на стручни состаноци, работилници, семинари, во склоп на континуираната медицинска едукација.
Има посетено и курс за третман на болка кај малигни болни во Р.Полска. Има и активно учество на 4 македонски конгреси со меѓународно учество.