Кратка биографија

Д-р Лазо Јордановски

Д-р Лазо Јордановски дипломирал на Медицинскиот Факултет во Скопје во ноември 2008 , стручен испит за доктор на медицина положил во мај 2009 год. Од октомври 2009 год. до април 2011 год. работел како волонтер во ЈЗУ Геронтолошки Завод 13 Ноември- Скопје. Во периодот потоа работел како матичен лекар во ПЗУ Анимамед, како и во ЈЗУ Здравствен Дом - Скопје. Од ноември 2013 год. е во редовен работен однос во ЈЗУ Геронтолошки завод 13 Ноември- Скопје оддел Геријатрија. Др Лазо Јордановски е на специјализација по интерна медицина од септември 2014 год на Медицинскиот Факултет во Скопје.