Кратка биографија

Д-р Лидија Павлеска
Раководител на Хоспис Сју Рајдер - Скопје

Во 1993 година го заврши Медицинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје. Во 2006 год. се здоби со титула Специјалист по интерна медицина. Во 2008 год. се здоби со сертификат за абдоминален ултразвук од Универзитетска Клиника за Гастроенерохепатологија – Скопје, Македонија. Во секојдневната работа нејзините активности се: Раководење на оддел, работа на одделение, работа во Дневна болница, работа во специјалистичко консултативна амбуланта и ЕХО кабинет. Има земено учество на конгреси, советувања и обуки во Р. Македонија и странство од областа на интерна медицина, палијативна медицина и клиничка нутриција.