Кратка биографија

Д-р Лидија Павловска Лазовска

Д-р Лидија Павловска Лазовска е родена во Скопје, на 31.10.1964 година, каде завршува основно и средно образование. Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје на 05.11.1991 година.
Во Геронтолошкиот завод “13 Ноември” во Скопје се вработува на 01.07.1993 година. Во 2001 година го положи специјалистичкиот испит по интерна медицина.
Во 2008 година успешно ја завршува едукацијата за дијабетес на Клиниката за ендокринологија и заболувања на метаболизмот во Клиничкиот центар во Скопје. Оттогаш е постојан учесник на бројни стручни состаноци и работилници од областа на интерната медицина. Автор и ко-автор е на голем број трудови.
Член е на Македонското лекарско друштво и на Здружението на ендокринолози на Република Македонија.