Кратка биографија

Д-р Лиљана Веселиновска
Специјалист интернист

Др. Лиљана Веселиновска дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1981. Во периодот од 1982 до 1997 година работи како општ лекар во рамките на текстилната фабрика “Мирка Гинова” во Скопје. Од 1998 година започнува со работа во ЈЗУ Геронтолошки завод “13 ноември”, во одделот “Сју Рајдер”, кој претставува хоспис за палијативна нега на пациенти во терминална фаза на малигната болест. Во периодот од 2002 до 2006 година специјализира на Универзитетската клиника за интерна медицина, по што се стекнува со титулата Специјалист по интерна медицина. Постојано посетува голем број на конгреси и едукации во областа на палијативната нега.