Кратка биографија

Д-р Марика Ивановска
Специјалист по интерна медицина

Др Марика Ивановска е вработена во Геронтолошки завод “ 13 Ноември” од 1989 год, во оддел Геријатрија.
Дипломирала на Медицински факултет-УКИМ-Скопје во 1987 год. Специјализирала Интерна медицина во периодот од 1992 до 1997 год. Во 2008 год. завршила едукација за ултрасонографија на уросистем на Клинија за Нефрологија при Медицински факултет- УКИМ- Скопје. Едукацијата од областа геријатрија , палијативната медицина, поедини гранки на интерна медицина ја стекнала преку активно учество на многу меѓународни конференции и конгреси, каде се претставила со свои трудови.