КОГА СТАРЕЕ МОЗОКОТ ?


...















„Спиењето е важен заштитник на мозокот“, вели Нил Граф-Радфорд,
- професор по неврологија во клиниката Мајо на Флорида.

Луѓето честопати како да забораваат дека и мозокот е орган на кој му треба соодветна грижа и
храна за да функционира најдобро. Нашиот мозок навистина е неверојатен. Може да ни помогне
да се искачиме на највисоките планини, да сонуваме, да постигнуваме тешки цели.

  Од кога ќе се родиме, па се до последниот здив во мозокот се случуваат различни промени. Овие
промени може да бидат субтилни или поизразени, а можат да се случуваат и на микроскопско
ниво.Најчесто забележана промена која е дел од нормалното стареење е намалувањето на
когнитивната способност.

  Когнитивното опаѓање е еден од најпредизвикувачките аспекти на стареењето кај луѓето. Според
резултатите од многу истражувања, вештините за разбирање, помнење и расудување можат да
почнат да слабеат веќе на возраст од околу 45 години. Слабеењето на когнитивните способности е
природен дел од стареењето и како такво не е знак за тревога.

  Одредени симптоми што можат да се појават кај помлада или средовечна личност може да
укажуваат на тоа дека нивниот мозок старее многу побрзо отколку што треба, а тоа може да го
зголеми ризикот од деменција и други когнитивни болести. Стапката на стареење на човечкиот
мозок во поголема мера зависи од општото здравје и начинот на живот.

  За да можете да се ослободите од илјадниците негативни мисли, морате за момент да го
„исклучите“ мозокот и да не заборавите да се одморите. Одморот е од витално значење за
нормалното функционирање на мозокот.

  Според научните истражувања, мозокот може да старее побрзо од оптималното, особено ако се
присутни одредени знаци. Способноста на човечкиот мозок да го задржи фокусот на важните
работи во одреден момент е многу битна за водењето на квалитетен, продуктивен и мирен живот.

  Недостатокот на силен фокус и честото талкање на мислите и вниманието, како и брзото
префрлање на фокусот од едно на друго нешто, со тек на времето често доведува и до
намалување на самодовербата и до развој на поголемо незадоволство, иритабилност, депресија
или анксиозност.

  Главната задача на мозокот е да ги асимилира животните искуства. За разлика од наследните
особини, кои остануваат непроменети во текот на животот, мозокот е способен да учи и памти.
Сепак, тој не е бездимензионален и во одреден момент може едноставно да се наполни, така што
нема да има повеќе слободен простор во меморијата. За да се спречи тоа да се случи,
еволуцијата најде чуден излез.

  До 18-20 години мозокот активно и неселективно ја апсорбира секоја информација. Откако
успешно ги достигна овие години, кои во минатото се сметаа за доба за почитување, мозокот
постепено ја менува својата стратегија од меморирање до зачувување на наученото, за да не го
изложи насобраното знаење на опасност од случајно бришење.

  Овој процес се случува бавно и систематски во текот на животот на секој од нас. Мозокот станува
се поконзервативен. Затоа, со текот на годините, му станува сè потешко да совладува нови
работи, но стекнатото знаење сигурно се консолидира.

  Секоја активност го тера мозокот да прави нови поврзувања меѓу невроните. Ако мислиме дека
можеме нешто да постигнеме, идејата може да премине и во реалноста.

Наша мисија & наша визија

   НАШАТА МИСИЈА Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВИСОКО КВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА ГЕРИЈАТРИСКАТА И ПАЛИЈАТИВНАТА МЕДИЦИНА, ПО ПРИМЕРОТ НА СОВРЕМЕНИТЕ МЕДИЦИНСКИ ДОСТИГНУВАЊА ВО ОВИЕ ОБЛАСТИ, СО ЕТИЧКИ, ХУМАН И ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРИСТАП.
НАШАТА ВИЗИЈА Е ПОСТОЈАНО УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА РАБОТЕЊЕТО СО ФОКУС НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА ПАЦИЕНТИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ. КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ, ПОТТИКНУВАЊЕ НА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКАТА РАБОТА И ПРЕРАСНУВАЊЕ ВО НАСТАВНА БАЗА И РЕГИОНАЛЕН ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГЕРИЈАТРИСКА И ПАЛИЈАТИВНА МЕДИЦИНА.

Корисни линкови
Министерство за здравство Министерство за транспорт и врски Фонд на здравство Институт за јавна здравје на Република С. Македонија

Контактирај не