СОРАБОТКА СО ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
  • ЈЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина има континуирана соработка со здравствените установи: Клинички центар, Градска општа болница, Воена болница. Психијатриска болница Бардовци, Медицинските установи во Републиката, на планот на грижата за предметните групи на граѓани заболени од акутни и хронични заболувања во напредната возраст и заболени во терминална фаза на болеста од хронични прогресивни и малигни заболувања.

  • Во рамките на Програмата за континуирана едукација Установата обезбедува едукација од областа геријатрија и палијативна медицина за професионалците (лекари, соц.работници, психолози, медицински сестри и терапевти). Обезбедува престој и размена на искуства во референтни центри во Регионот и Европа, збратимување и слично. Финансиска поддршка во едукацијата Установата обезбедува од сопствени средства

  • Потребите да се понудат нивоа на помош од различен вид, соодветни на потребите на болниот, брзо и неочекувано се променливи и условени од здравствениот систем кој не нуди можност за интеграција помеѓу различните модели и нивоа на интервенции и помеѓу различните бројни професионално ангажирани субјекти. Во целиот период на транзиција во Република Македонија до сегашниот момент нетрансформираниот и не докрај дефинираниот здравствен систем претставува голем проблем за подршка на интересната група на граѓани. Во процесот на дефинирање и резимирање на состојбата околу геријатриска и палијативна грижа и во обидите да се достигнат примарните цели во контекст на реалната ситуација на Државата се наидува на институционални ограничувања, човечки слабости, проблеми во работата на тимовите и многу други предизвици во културните разлики. Практично пациентот и неговото семејство неможе да бидат водени и потпомогнати во процесот на помош помеѓу сопствениот дом и посакуваното седиште на интервенција. Потребата од специјализиран третман во домашни услови е маргинализиран и покрај Препораките на Советот на министрите на Европа за ваков вид на заштита за сметка на намалување на болничките капацитети.

  • ЈЗУ Специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина водена од потребите на граѓаните, во својата развојна концепција ќе ги јакне специјализираните служби и единици за подршка на болните во домашни услови преку специјалистичко консултативни кабинети за геријатриска и палијативна медицина. Програмски ќе го унапредува развојот на Дневна болница и интензивно лекување во рамките на Геријатрија и Хосписите Сју Рајдер.
    Двете области како интегрален дел на здравствениот систем во Државата преку Установата мора да бидат елемент на сеопфатните планови врзани за здравствената заштита како и специфичните програми (долготрајни хронични заболувања, рак, сида, геријатрија).

Наша мисија & наша визија

   НАШАТА МИСИЈА Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВИСОКО КВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА ГЕРИЈАТРИСКАТА И ПАЛИЈАТИВНАТА МЕДИЦИНА, ПО ПРИМЕРОТ НА СОВРЕМЕНИТЕ МЕДИЦИНСКИ ДОСТИГНУВАЊА ВО ОВИЕ ОБЛАСТИ, СО ЕТИЧКИ, ХУМАН И ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРИСТАП.
НАШАТА ВИЗИЈА Е ПОСТОЈАНО УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА РАБОТЕЊЕТО СО ФОКУС НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА ПАЦИЕНТИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ. КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ, ПОТТИКНУВАЊЕ НА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКАТА РАБОТА И ПРЕРАСНУВАЊЕ ВО НАСТАВНА БАЗА И РЕГИОНАЛЕН ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГЕРИЈАТРИСКА И ПАЛИЈАТИВНА МЕДИЦИНА.

Корисни линкови
Министерство за здравство Министерство за транспорт и врски Фонд на здравство Институт за јавна здравје на Република С. Македонија

Контакт форма