ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје
Пријави учество / Поднеси труд13 и 14 ноември 2026 година, Хотел DoubleTree by Hilton Skopje


Конференцијата ќе се одржи под наслов:
Целта на овогодишната конференција е ефикасното справување со водечките синдроми и симптоми кај геријатриските и палијативните пациенти.
Стремејќи се кон комплетна и интегрирана грижа, со овој настан сакаме да ги обединиме лекарите од различни специјалности,
чиј интерес се преклопува со геријатријата и палијативата, а секако и психолозите, социјалните работници,
физиотерапевтите и медицинските сестри кои се составен дел на тимот.
Вашето присуство и активна патриципација со споделување на Вашите знаења и искуства ќе дадат исклучителен придонес во успешната реализација на овој научен собир.
Конференцијата се реализира во целосна соработка со Македонското здружение за геријатриска медицина и Здружението на палијативна нега на Република Македонија.
Настанот ќе се одржи на 13 и 14 ноември, 2026 год. во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје.
Срдечен поздрав
Прим. Д-р Ленче Нелоска, м-р сци.
Претседател на Научен одбор
Краен рок за испраќање на апстракти и трудови за публикација – 19.10.2026 година.
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ
Хотел DoubleTree by Hilton во Скопје
Бул. АСНОМ 17, 1000 Скопје, Македонија
skopje_info@hilton.com
СЛУЖБЕНИ ЈАЗИЦИ
Македонски и англиски
АКРЕДИТАЦИЈА
Настанот е акредитиран како Научна конференција и учесниците ќе добијат бодови, согласно правилникот на ЛКМ И МЛД.
СЛУЖБЕНО АКРЕДИТИРАЊЕ
Сите регистрирани учесници со платена котизација ќе добијат службена акредитација, која треба да ја носат за време на стручниот и социјалниот програм.
| КОТИЗАЦИЈА | |
|---|---|
| Доктори-специјалисти | 60 € + 18 % ДДВ |
| Специјализанти | 50 € + 18 % ДДВ |
| Здравствени соработници и мед.сестри | 40 € + 18 % ДДВ |
| Студенти и пензионери | 30 € + 18 % ДДВ |
Деменцијата како социолошки феномен, Јорданчо Јосифов (Македонија)
Менталното здравје кај палијативни и геријатриски пациенти: од препознавање на психолошките симптоми до мултидисциплинарна интервенција, Благоја Лекоски (Македонија)
Медицинската сестра – врска меѓу пациентот и мултидисциплинарниот тим, Весна Попов, Катерина Митровска (Македонија)
Комуникацијата и тимската работа како основа на квалитетна сестринска нега кај геријатриски пациенти. Валентина Горичанец, Даниела Дамјаноска Тодоровска, Катерина Лазарева (Македонија)
Од синдром до функционалност: Современ пристап кон физиотерапијата и тимска работа во геријатриската и палијативната медицина, Јовица Пецаноски (Македонија)
Превентивната медицина во геријатријата, Емин Таксиран (Турција)
Саркопенија, малнутриција и когнитивно оштетување кај постари возрасни лица: Рана детекција во примарната здравствена заштита во рамките на проектот DEPtoOLD, Ксенија Арбанас-Ковачевиќ (Хрватска)
Нарушување на слухот кај геријатриската популација, Бекир Бујукчелик (Турција)
Конзервативен третман на хронични субдурални хематоми со кортикостероидна терапија кај геријатриски пациент, Доц. д-р Миленко Костов (Македонија)
Механизми на туморска кахексија, Д-р Милан Ристески (Македонија)
Улога на матичниот лекар во рано откривање на депресија и когнитивни растројства кај геријатриски пациенти, Д-р Кирчо Стојчевски
Матичниот лекар во палијативната грижа центрирана кон личноста, Д-р Бенјамин Камбери
Матичниот лекар во сеопфатна грижа на геријатриски пциенти со употреба на ICOPE алатка, Д-р Татјана Блажевска (Македонија)
Комуникација на матичниот лекар со семејството и пациентот на крајот од животот, Д-р Ирена Николова (Македонија)
Третман на канцер болка: Современ пристап во палијативната медицина,
Лидија Ветеровска Миљковиќ (Македонија)
Невропатска канцер болка – предизвици и третман, Лидија Павлеска СБГПМ 13 Ноември (Македонија)
Интервентни анестезиолошки процедури во третман на невропарска канцер болка, А.Ѓорески (Македонија)
Предизвици во справувањето со канцер болката во примарната заштита, Д-р Катерина Ковачевиќ (Македонија)
Диспнеа и терминална респираторна конгестија, Џо Ел Кхоури
Смирување на бурата: Етиологија и третман на Наузеа и вомитус,
Јакимовска Јованка (Македонија)
Проценка и третман на анорексија и кахексија во палијативната грижа,
Дима Илиевска (Македонија)
Примена на лекови надвор од одобрената намена во палијативната нега.
Проф. др. Емилија Атанасовска (Македонија)
Изнемоштеност (frailty) и саркопенија: да се зачува функцијата и независноста,
Билјана Петреска-Зовиќ (Македонија)
Мултиморбидитет: уметност на балансирањето меѓу препораките и квалитетот на живот,
Марија Вавлукис (Македонија)
Трасирање на патот кон оптимизирана терапија: Полифармацијата низ призма на геријатриската грижа,
Наташа Здравевска (Македонија)
Превенција на падови и фрактури: водичите во клиничката пракса,
Натали Ван Дер Велде (Холандија)
Уринарна инконтиненција: повеќе од уролошки проблем - Клинички предизвици и современ менаџмент,
Марија Сековска (Македонија)
Нарушување на мобилноста и рамнотежата (Моторни дефицити – спектар),
Павлинка Милосављевиќ (Македонија)
Делириум, Лазо Јордановски (Македонија)
Невродегенеративни заболувања во постара возраст,
Ненад Богдановиќ (Шведска)
Влијание на суплементарна терапија со албумин, аминокиселини
и исхраната богата со протеини врз заздравување на декубиталните улкуси
кај геријатриски и палијативни пациенти со малнутриција,
прим. д-р Ленче Нелоска (Македонија)
Како дел од научната програма ќе биде организирана постер сесија каде сите автори ќе имаат можност да ја претстават својата работа и да одговорат на прашања од колегите. Најдобриот научен и стручен труд изложен во делот за постери ќе биде награден од Научниот и организацискиот одбор на Конференцијата. Постерите ќе бидат истакнати за време на конференцијата во електронска форма, на електронските панели за оваа намена.
Учесниците и предавачите можат преку онлајн формуларот да ги достават своите податоци и да прикачат стручен или научен труд.
ПРИЈАВИ СЕ