Како Европа може да ги намали нееднаквостите во геријатриската грижа и да обезбеди постарите лица да добиваат висококвалитетна здравствена заштита,
без оглед на тоа каде живеат?
https://cost-programming.eu/activities/from-education-to-policy-impact-in-european-healthcare/
На 16-ти Октомври 2026 во Брисел во Европскиот лекарски дом – Domus Medica Europaea се одржа завршниот состанок на
4-годишниот проект COST Action 21122 PROGRAMMING (Promoting Geriatric Medicine in Countries where It Is Still Emerging)
под наслов „Од образование до влијание врз здравствените политики во Европа“
Директорката прим. д-р Ленче Нелоска, како поканет учесник на панелот на општествени чинители ги претстави нашите планови за
идниот развој на геријатриската медицина во нашата установа и пошироко во нашиот здравствен систем.
Состанокот се одржи во Domus Medica Europaea во Брисел и означи завршување на четиригодишната меѓународна соработка,
истовремено отворајќи перспектива за тоа како знаењата, образовните ресурси и алатките развиени во
рамките на проектот PROGRAMMING можат да се преточат во здравствени политики и клиничка практика.
Настанот беше под покровителство на Европскиот парламент, со што се нагласува европската димензија на предизвиците на кои се фокусира CA PROGRAMMING,
како и важноста од унапредување на грижата за постарите возрасни лица низ цела Европа.
Д-р Билјана Петреска-Зовиќ, интернист-супспец.геријатар, е дел од проектот од самиот почеток и член на управувачкиот одбор на PROGRAMMING COST Action 21122.
Во проектот учествуваат и дел од докторите и медицинските сестри од нашата установа: д-р Лидија Павлеска, д-р Павлинка Милосављевиќ, д-р Дима Илиеска, д-р Маја Спирова,
мед.сестра Катерина Митревска и Весна Попов. Во рамките на овој проект во фебруари 2024 година во Скопје
се одржа голем симпозиум со учество на еминентни професори-геријатри од странство и професори од Медицинскиот факултет во Скопје и претставници од СЗО.
Се спроведоа неколку меѓународни истражувања за мапирање на потребите за едукација од областа геријатриска медицина во различни локални контексти и
се објавија повеќе публикации во списанија со импакт фактор.
На состанокот се прикажаа сумирано сите резултати од оваа COST акција, достигнувањата, завршените истражувачки проекти и публикации.
Учеството во PROGRAMMING COST акцијата донесе значајни придобивки во промовирање на Геријатриската медицина како посебна гранка и супспецијалност кај нас,
а ќе има значаен одраз и на развојот на нашата установа во иднина.