ЗАСВЕТИ РОЗОВО
⤇ Октомври, месецот за подигање на свеста за карциномот на дојка:
Раното откривање, најсилно оружје
Октомври е месецот во кој светот се обединува во борбата против карциномот на дојка со цел да се подигне свеста,
да се охрабрат жените за редовни прегледи и да се пружи поддршка на сите што се соочуваат со оваа болест.
НЕ ЧЕКАЈ ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА,НАПРАВИ ПРЕГЛЕД И СВЕТИ РОЗОВО!
Стекнатото знаење и напредната опрема овозможуваат рано откривање на ракот на дојката, понекогаш години пред да покаже видливи симптоми.
Процес на дијагностицирање вообичаено започнува со снимање. Мамографот кој дава рентген снимка на дојката и ултразвукот кој користи звучни бранови со висока фреквенција,
веќе долго време се препознаваат како главни алатки за дијагностицирање на рак на дојка. Денес, специјализираните центри за болести на дојка имаат на располагање разни техники на мамографија.
Дигиталната мамографија овозможува да се добијат снимки од дојките во дигитален формат на компјутерски екрани.
Што е рак на дојка?
Ракот на дојката се јавува кога абнормални клетки почнуваат да растат и да се размножуваат вон контрола.
Тие клетки формираат туморска маса која може да биде или бенигна (неканцерогена) или малигна.
Бенигните тумори се абнормални израстоци кои не се шират надвор од дојките и не се опасни по здравјето.
Ракот на дојката се однесува на малигнен тумор кој започнува во каналите или лобусите на дојката и има потенцијал да се прошири (метастазира) во други делови од телото.
Како изгледа ракот на дојката?
Всушност, раните знаци за рак на дојка полесно се чувствуваат отколку што се гледаат.
Редовните самопрегледи им помагаат на жените да се запознаат со нормалниот изглед на дојките, да ги почувствуваат и брзо да забележат какви било промени.
Ракот на дојката често пати се чувствува како грутка во дојките. Иако многу видови на рак на дојка можат да предизвикаат грутка, тоа не се случува кај сите.
Покрај тоа, грутките на дојките се многу чести, а повеќето од нив не се рак. На пример, цисти на дојка, фиброаденоми или аденоза се бенигни состојби кои можат да предизвикаат грутки.
Туморите на рак на дојка се чувствуваат тврди на допир. Доколку откриете некоја нова грутка, што се чувствува тврда и неподвижна, треба да закажете преглед.
Причини за рак на дојка
Точните причини за развој на рак на дојка сѐ уште не се јасни. Главните ризици за кои сме свесни се едноставно тоа што сте жена и стареењето.
Две третини од пациентите со рак на дојка се жени над 50 години, а повеќето од останатите се на возраст меѓу 39 и 49 години.
Наследните генски мутации предизвикуваат до 10% од случаите на рак на дојка. Наследна мутација на тумор-супресорните гени BRCA1 или BRCA2 значително го зголемува ризикот за развој на болеста.
Покрај тоа, жена чија мајка, сестра или ќерка имале рак на дојка, е со два до три пати поголема веројатност да заболи.
Денес, луѓето со семејна историја можат да направат генетско испитување и проценка на ризик за да донесат информирани одлуки за нивното здравје.
Дали мажите можат да заболат од рак на дојка?
Оваа болест најчесто се јавува кај жените, но ракот на дојка кај мажите, исто така, е можен. Мажите сочинуваат помалку од еден процент од сите откриени случаи.
Ракот на дојка кај мажите се формира во ткивото на дојките, како и кај жените.
Ангажирај се на време, превземи акција и подигнија свеста.
Здравјето е приоритет и секогаш постои надеж за лекување.