✓     За да закажете и направите преглед во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палјативна медицина ,, 13 Номеври “ , најнапред треба да се упатите до вашиот матичен лекар на првичен преглед и според негова анамнеза и препорака да ви креира упат(и) да ви закаже термин преку ,, МОЈ ТЕРМИН ‘’ до сите наши специјалисти интернисти.

✓     02 20 41 582 на овој број можете да ги добиете сите потребни информации за услугите што ги нуди нашата болница. Нашиот контакт центар во специјалистичко консултативна амбуланта е достапен од 07:30 до 15:30 часот во текот на неделата.

✓     Исто така вашите потребни информации може да ги добиете и на е-пошта info@gerontology.org.mk

✓      Во нашата болница прегледот за физикална терапија се закажува преку ,, МОЈ ТЕРМИН ” , со препорака и креирање на упат од страна на вашиот матичен лекар. Пациентот треба да ја донесе целата негова здравствена документација , извештај и ренген снимка во зависност на повредата. Нашиот лекар го врши прегледот воспоставува анамнеза и процедура за физикална интервенција која што се врши од страна на нашите физиотерапевти .

✓      02 20 31 238 локал 148 на овој број можете да ги добиете и сите потребни информации за услугите што ги нуди нашата болница. Нашиот контакт центар во специјалистичко консултативна амбуланта е достапен од 07:30 до 15:30 часот во текот на неделата.

✓      Исто така вашите потребни информации може да ги добиете и на е-пошта info@gerontology.org.mk

Биохемиската Лабораторија во нашата установа работи со амбулантски пациенти кои што не се хоспитализирани кај нас и функционира со ЛУ1 и ЛУ2 упати од 07:00 часот до 15:00.
ЛУ1 го издава вашиот општ матичен лекар , додека пак ЛУ2 го издава доктор специјалист интернист во зависност од здравствените потреби.
Прием за лабораториски пациенти за рутински прегледи се одвива од 07:00 до 10:00 часот наутро. Биохемикста Лабораторија работи од понедлник до петок.

✓      02 20 31 238 локал 144 на овој број можете да ги добиете и сите потребни информации за услугите што ги нуди нашата болница. Пациентот треба да ја донесе целата негова здравствена документација , извештај и ренген снимка во зависност на повредата.

✓      Исто така вашите потребни информации може да ги добиете и на е-пошта info@gerontology.org.mk

-      Процедурата за сместуање на пациент во установата започнува во консултативната амбуланта со ставање на пациентот на листа на чекање.

-      Странката треба да биде во семеен однос со пациентот

-      Потребно е странката да достави целосна здравствена документација од пациентот -      Пред да се стави на листа на чекање пациентот , доколку е подвижен истиот треба да се прегледа од страна на доктор , да се разгледа постоечката здравствена документација да се даде , проценка наод и мислење дали треба да се смести пациенот врз основа на нашите критериуми и стратегија.

-      Доколку пациентот е во домашни услови тогаш, странката треба да достави болнички упат и потврда дека пациентот е непокретен од страна на матичниот лекар на пациентот .

-      Доколку пациентот е сместен / хоспитализиран во друга установа потребно е , странката да достави потврда од страна на установата, дека пациентот има потреба да се хоспитализира во нашата болница.

-      Странката неопходно е да пополни анкетен формулар за моменталната состојба на пациентот.

-      Странката потребно е да чека да биде контактирана од страна на амбуланта откако стручната комисија ќе одреди и одлучи за прием .

-      Откако ќе се одлучи за прием , ги информираме странките за сместувањето на пациентот во нашата установа , медицинската сестра од амбуланта отвара историја на болест и образец за согласност за лекување.

-      Кога странката ќе ги заврши првичните чекори дента , потребно е истиот ден да се направи договор за сместување на пациентот во управа во секторот за човечки ресурси , каде што се потребни двајца потписници кои треба да бидаат во семеен однос со пациентот.