Соработка со други здравствени установи
- ЈЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина има континуирана соработка со здравствените установи: Клинички центар, Градска општа болница,
Воена болница. Психијатриска болница Бардовци, Медицинските установи во Републиката, на планот на грижата за предметните
групи на граѓани заболени од акутни и хронични заболувања во напредната возраст и заболени во терминална фаза на болеста од
хронични прогресивни и малигни заболувања.
- Во рамките на Програмата за континуирана едукација Установата обезбедува едукација од областа геријатрија и палијативна
медицина за професионалците (лекари, соц.работници, психолози, медицински сестри и терапевти). Обезбедува престој и размена
на искуства во референтни центри во Регионот и Европа, збратимување и слично. Финансиска поддршка во едукацијата Установата
обезбедува од сопствени средства.
- Потребите да се понудат нивоа на помош од различен вид, соодветни на потребите на болниот, брзо и неочекувано се променливи и
условени од здравствениот систем кој не нуди можност за интеграција помеѓу различните модели и нивоа на интервенции и помеѓу различните
бројни професионално ангажирани субјекти. Во целиот период на транзиција во Република Македонија до сегашниот момент нетрансформираниот
и не докрај дефинираниот здравствен систем претставува голем проблем за подршка на интересната група на граѓани. Во процесот на дефинирање
и резимирање на состојбата околу геријатриска и палијативна грижа и во обидите да се достигнат примарните цели во контекст на реалната
ситуација на Државата се наидува на институционални ограничувања, човечки слабости, проблеми во работата на тимовите и многу други
предизвици во културните разлики. Практично пациентот и неговото семејство неможе да бидат водени и потпомогнати во процесот на помош
помеѓу сопствениот дом и посакуваното седиште на интервенција. Потребата од специјализиран третман во домашни услови е маргинализиран и
покрај Препораките на Советот на министрите на Европа за ваков вид на заштита за сметка на намалување на болничките капацитети.
ЈЗУ Специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина водена од потребите на граѓаните, во својата развојна концепција ќе ги јакне специјализираните служби и единици
за подршка на болните во домашни услови преку специјалистичко консултативни кабинети за геријатриска и палијативна медицина.
Програмски ќе го унапредува развојот на Дневна болница и интензивно лекување во рамките на Геријатрија и Хосписите Сју Рајдер.
Двете области како интегрален дел на здравствениот систем во Државата преку Установата мора да бидат елемент на сеопфатните планови
врзани за здравствената заштита како и специфичните програми (долготрајни хронични заболувања, рак, сида, геријатрија).