СООПШТЕНИЕ: ЗАБРАНА НА ПОСЕТИ

Почитувани граѓани по насоките на Министерството за Здравство, поради сезоната на грип како и актуелните состојби со Корона вирусот, посетите во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје е строго забранета почнувајќи од 27.02.2020 година. Ве молиме за разбирање бидејќи ова е превентива за сите нас.Ви благодариме на разбирањето.
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ: СКРИНИНГ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ПРИСУСТВО НА SARS CoV 2 ВИРУСОТ скрининг на вработени за присуство на SARS CoV 2 вирусот

По направениот скрининг на вработени за присуство на SARS CoV 2 вирусот преку Центарот за јавно здравје Скопје во 3 објекти во рамки на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември"- Скопје, лоцирани во Скопје, не е регистриран ниту еден вработен позитивен на вирусот. Во Хосписот за палијативна медицина Сју Рајдер Битола, кој е под ингеренции на горенаведената болница, сеуште не е извршен скринингот од ЦЈЗ Бт. Имено, нашите вработени се во добра општа состојба, во рамки на установата која е единствена од таков вид во државата и се спроведуваат мерките за заштита и превенција од COVID 19. Пациентите се стабилни и секојдневно иследени доколку се суспектни и тестирани. Во моментот немаме позитивни на вирусот ниту од пациентите.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Од 01.10.2020 година во склоп на нашата установа започнува да функционира Служба за палијативно згрижување во домашни услови.
За повеќе информации јавете се на телефонскиот број : 075 498 091

Поради актуелната состојба со COVID-19 сите наши уплати ке се вршат електронски

Пример ПП50 образец кој го пополнувате со ваши податоци

(кликнете на уплатницата за подобар преглед)

Донации од физички лица




Пример ПП50 образец кој го пополнувате со ваши податоци

(кликнете на уплатницата за подобар преглед)

Донации од приватни компании




Пример ПП50 образец кој го пополнувате со ваши податоци

(кликнете на уплатницата за подобар преглед)




Актуелни настани

Нашата мисија е обезбедување на високо квалитетни здравствени услуги од областа на геријатриската и палијативната медицина, по примерот на современите медицински достигнувања во овие области, со етички, хуман и професионален пристап.

Нашата визија е постојано унапредување на квалитетот на работењето со фокус на задоволството на пациентите и вработените. Континуирана едукација на вработените, поттикнување на научно-истражувачката работа и прераснување во наставна база и регионален едукативен центар за геријатриска и палијативна медицина.