Актуелно

Средба со Светското друштво за алзхајмер


Теми:
- Информирање за болеста
- Привлекување на доброволци
- Формирање на групи за подршка
- Начин на организирање
- Собирање на матријални средства
Информации за алзхајмеровата болест []

Алзхајмеровата болест спаѓа во групата на хронични, прогресивни, дегенеративни заболувања. Во оваа група спаѓаат и сите форми на деменција, Паркинсоновата болест, Мултиплата склероза и др.
Деменцијата е вообичаен термин кој се употребува да се опишат потешкотиите кои ги засегаат, пред се, помнењето и однесувањето на една деменција. Во 2001 година, бројот на луѓето во светот заболени од оваа болест, изнесувал 24 милиони. Во 2008 година нивниот број пораснал на 30 милиони. Како резултат на глобалната тенденција за продолжување на животниот век, експертите кои ја истражуваат оваа болест, сметаат дека до 2020 година овој број ќе се зголеми на 56 милиони,  а во 2050 година ќе достигне и над 100 милиони.
Секои 7 секунди, некаде во светот се јавува нов случај на деменција. Болеста започнува речиси незабележително, постапно, а ако се јави во понапредната возраст, засегнатите особи, како и нивните блиски, овие потешкотии ги припижуваат на возраста, односно – староста.
Ова е повик за соработка со сите заинтересирани за пружање помош и подршка на болните од Алзхаимеровата болест. Ваквите идеи за можните форми и начини како тоа да го спроведеме со заеднички сили и ангажман е добредојдена.
Ви благодариме за заинтересираноста и подршката. Со нетрпение ги очекуваме Вашите предлози, идеи, сугестии.

Работилница во Прага


  • praga01
  • praga02
  • praga03
  • praga04
  • praga05
  • praga06
  • praga07
  • praga08
  • praga09
  • praga10
  • praga11
  • praga12
  • praga13
  • bootstrap carousel example
  • praga15
carousel bootstrap by WOWSlider.com v8.0

На покана од Сју Рајдер Интернационал – Англија
Место : Прага
Учесници; Претставници од Фондацијата Сју Рајдер Англија, Италија, Чешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Малави, директорите на Геронтолошки Завод – Македонија и волонтери од Полска.
Тема:
- Како да се зголемат матријалните средства на хосписите за болните од малигни заболувања
- Развивање на домашната посета (докторот и медицинската сестра во домовите на заболените)
- Нови активности на  финансирање
- Продавање на нега

Донација од World Medical Relief


  • amerika01
  • amerika02
  • amerika03
  • amerika04
  • amerika05
  • amerika06
  • amerika07
  • amerika08
  • amerika09
  • amerika10
  • amerika11
  • amerika12
  • amerika13
  • slider html
  • amerika15
carousel bootstrap by WOWSlider.com v8.0

Претставници на „ЈЗУ Геронтолошки Завод“ - Скопје беа во службена посета на World Medical Relief во Детроит на 17 мај 2009. Тие имаа состанок со г-ѓа Rita Montgomery Grezlik, Председателот на бордот на директори (CEO) на World Medical Relief. На состанокот во World Medical Relief се дискутираше за донацијата што World Medical Relief ја даде на „ЈЗУ Геронтолошки Завод“ - Скопје која се состоеше од медицинска опрема, медицински прибори, кревети, итн.
За време на оваа службена посета претставниците на „ЈЗУ Геронтолошки Завод“ - Скопје имаа средба во Конзулатот на Република Македонија со Генералниот Конзул во Детроит Г-дин. Игор Дукоски, средби со македонските иселеници во Детроит и присуствуваа на одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј во Македонската православна црква во Детроит.