Актуелно


Работната терапија со користење на современи и креативни алатки за работа со пациенти сместени во специјализирана установа за подолготраен престој како нашата се составен дел од секојдневната работа.

За таа цел преку Холандската фондација , имаме дводневна посета на Clinic Clowns/Contact Clowns , специјализирани за работна терапија на пациенти со Деменција , неподвижни пациенти и лица со психички и физички попречености.



Хуманоста нема граници!
Убави настани за почетокот и на оваа работна недела.
Денес, имав чест да ги запознам Нијази Сербез и Имран Сербез , сопружници со големо срце и верба во Бога, искрени и скромни иако се невработени, но имаат голема желба за помош и истата им предизвикува среќќа и радост кога даруваат макар и некоја навидум мала ситница ама учинета од сето срце.

Тетка Имран, инспирирана од нејзината животна приказна , кога била во многу тешка здравствена состојба, заедно со нејзиниот сопруг сфатија дека животот знае да изненадува и благодарение на нејзината рехабилитација, решиле секогаш кога ќе бидат во можност да помагаат на своите сограѓани.

Денес од нив добивме донација на медицински помагала наменети за неподвижни лица , сместени во нашата установа.

Благодарност од се срце до овој прекрасен и инспиративен брачен пар.



"Вратите на установата" се отворени за јавноста !

Прилог за ТВ24 , за дејноста на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 ноември"- Скопје , начин на прием на пациенти во установата, каков тип на пациенти сместуваме и уникатен мултидисциплинарен пристап од страна на нашиот специјализиран медицински персонал .